Денес од 18:30 часот во Europe House Struga ќе се одржи Работилница за социјални мрежи, со фокус на креирање видеа за социјални мрежи.
„Драги претставници на мали бизниси, занаетчии, ракотворци, формални или неформални, ве покануваме на работилница која ќе ве насочи како подобро да ги презентирате вашите производи, дела, творби… „ порачуваат од Europe House Struga.
Од таму ја го најавуваат и следниот Еко Базар на 20 јули во Паркот на Поезијата, Струга, каде сите заинтересирани ќе можат да ги изложат своите производи.