Работилница за цртање манга ликови во сабота во Центар Јадро

Во сабота на 18 мај во Центар Јадро со почеток од 13 часот во склоп на „Сакура“, Фестивалот за Јапонска култура ќе се одржи работилница за манга.

„Најспецифичните анимирани ликови кои ни доаѓаат од манга стриповите ќе ни бидат претставени на следната работилницата. Иако многумина мислат дека постои само еден манга стил и на прв поглед изгледаат многу слично има илјадници стилови и начини како може да се осмислат и креираат вакови ликови“, велат организаторите.

Работилництата ќе ја држи Тања Вукобрат, а бројот на учесници е ограничен.

Линк до пријавата на стори на веб сајтот на japan.net.mk.

Најново

Последни колумни