Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ во рамките на настаните од конкурсот за наградата „Тоде“, за најдобра песна за деца, денес 6 март со почеток во 09:20 предвидува работилница за креативно пишување за учениците на ОУ „Григор Прличев“, која ќе ја одржи Мерсиха Исмајлоска.
Централниот настан на кој ќе се наградат трите најдобри песни, ќе биде на 7 март, роденденот на Тоде Илиевски, во 12 часот во салата на Општина Охрид.
Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“.