Втората работилница за експресивна арт терапија, ќе се одржи на 22 април во Галеријата ФЛУ. Инспирирани од 22 април, денот на планетата Земја, на оваа работилница учесниците ќе ја комбинираат работа со звук, отпаден текстил и природни материјали со цел да се истражат себеси, сега и тука.
„Како слоевите на ткаенината и богатството од текстури, така и нашите внатрешни светови се разновидни и чекаат да бидат истражени. Секој учесник преку активација на сетилата ќе создаде приказ на внатрешниот пејзаж што го носи со себе во моментот, но и да се поврзе со пејзажите околу што го опкружуваат.“
Линк за пријава: https://forms.gle/CGBKL1Jj8L6wpvhY7