Во среда на 4 јуни во 16 часот во Социјален центар Дуња во организација на КРИК, Фестивал за критичка култура ќе се одржи работилница со еден од највлијателните мислители за супкултурата – германскиот писател и теоретичар Дидрих Дидрихсен.
Во последниве години, Скопје се појавува – нерамномерно, непредвидливо – како терен каде што супкултурните движења, циркулираат и се населуваат во ткивото на секојдневието фрагментирано и минливо. Овие форми не се само израз на отпор или алтернативен идентитет; тие ја комплицираат/конфронтираат јавната сфера, создаваат нов ритам на социјалност/во општествените и културните динамики и создаваат преклопувачки/преплетувачки зони на контакт, конфликт и размена.
Во потрага по значењето на тоа од каде доаѓаат/напотеклото на овие супкултури, како опстојуваат, мутираат или се распаѓаат денес – и какви идни потенцијали носат/и каков потенцијал носат за во инина – потребно е да се пишува со чувствителност за нивната естетика и инфраструктура, за нивната брзина и паузи, за нивните противречности и повторувања. Тоа не е само документирање, туку критичко ангажирање: социјално/општествено, уметничко и рефлексивно/мислечко/теорсико.
Дидрих Дидрихсен (познат во Германија како „Папа на поп-музиката“’ и „книговодител на супкултурата“’) пишува за супкултурата не како за фиксирано или романтизирано поле на отпор, туку како за динамична и рефлексивна сфера каде што идентитетот, културата и политиката постојано се во преговори. Неговиот пристап ги спојува личниот наратив со критичката теорија, овозможувајќи му да зборува однатре супкултурните искуства, задржувајќи, едновремено остра аналитичка дистанца. Преку дела како Sexbeat и збирките на музичка критика, тој ја опфаќа минливата интензивност на супкултурниот живот – естетиката, звуците, гестовите – без да ги сведува на носталгичен мит или социолошкo/општествено клише.
Во с’ржта на неговата методологија е критиката на поимот на автентичност, кој често доминира во супкултурниот дискурс. Наместо да трага по „чист“ или оригинален глас, Дидрихсен ги истакнува слоевите на медијација, иронија и повторување што ги обликуваат супкултурните изрази. Често се фокусира на „второстепените“ аспекти на супкултурата: како сцените стануваат самосвесни, како стилот циркулира и рециклира, и како пазарот на крајот го присвојува она што некогаш изгледало како опозиција/спротивност.
Неговото пишување се движи низ повеќе дисциплини – користејќи марксизам, психоанализа, постструктурализам и поп-естетика – за да следи како супкултурите се соочуваат со пошироките сили на комодификација, политика на идентитет и културна меморија. На тој начин, тој избегнува поедноставени дихотомии како „мејнстрим“ против „андерграунд“, и наместо тоа ја мапира амбивалентната, често контрадикторна сфера во која оперира супкултурата.
Дидрихсен ја третира супкултурата како место на критичен напон – помеѓу израз и спектакл, отпор и присвојување, политика и задоволство. Неговото пишување ја рефлектира оваа тензија и формално, во премин помеѓу есеистичка рефлексија, теоретска апстракција и приземна опсервација, секогаш со свест за сопствената вмешаност во културните кругови кои ги анализира
Дидрих Дидрихсен е германски автор на повеќе книги, музички новинар и културен критичар. Тој е автор кој дејствува на крстосницата меѓу уметноста, политиката и поп- културата. Роден и израснат во Хамбург, Дидерихзен работел како музички новинар и уредник на германското списание Sounds за време на златниот период на панкот и њу-вејв музиката, од 1979 до 1983 година. До деведесеттите години бил главен и одговорен уредник на влијателното супкултурно списание Spex во Келн.
Дидерихзен работел како гостин-професор во Франкфурт на Мајна, Штутгарт, Пасадена, Офенбах на Мајна, Гисен, Вајмар, Бремен, Виена, Сент Луис, Келн, Лос Анџелес и Гејнсвил. По неколку години предавање на Академијата Мерц во Штутгарт, во 2006 година станува професор по Теорија, практика и комуникација на современата уметност на Академијата за ликовни уметности во Виена.
Дидрихсен е продуктивен автор на статии и текстови кои се објавуваат во најразлични периодични и специјализирани изданија. Весници и списанија во кои се појавуваат негови текстови вклучуваат: Texte zur Kunst, Die Zeit, die tageszeitung, Der Tagesspiegel, Süddeutsche Zeitung, Theater heute, Artscribe, Artforum и Frieze.