Работилница посветена на филмското образование на Ohrid Beach Festival

Настанот е дел од европскиот проект ФилмЕД

Кинотеката во соработка со Gete institut и Ohrid Beach Festival “, организира еднодневна презентација и работилница посветена на филмското образование, како дел од европскиот проект ФилмЕД.

Работилницата ќе се одржи на денес, со почеток во 17:30 часот, на бродот Армада во Охрид, во рамките на фестивалот.

Целта на настанот е да поттикне отворена дискусија и размена на искуства на тема „Филмот како образовна алатка во работата со млади и во училиштата“ во Р.С Македонија и поширокиот регион. Во рамки на презентацијата ќе се одржи и разговор со гости на фестивалот и експерти од областа на филмското образование, кои ќе споделат примери на добри практики, предизвици и потенцијали за интегрирање на филмот во формалното и неформалното образование.

Настанот е поврзан со платформата https://film-ed.eu, која нуди иновативни методологии и ресурси за работа со ученици преку филм. Влезот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани, но со ограничен број на слободни места.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни