Работилница на Умно.мк и Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за едукација на млади новинари од областа на драмската дејност

Умно.мк во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ги кани средношколците и младите од Прилеп и околината, кои би сакале да научат повеќе за тајните на новинарската професија, учејќи преку следење на претстојното 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

„Ќе учиме како се пишува вест, како се прави интервју или извештај од прес-конференција и од тркалезна маса. Работилницата ќе трае 4 дена (9 до 13 јуни), ќа ја предводат Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, ко-основачки на Умно.мк, новинарки со долгогодишно искуство, особено во областа на културата“, објаснуваат од Умно.

Работилницата се реализира во соработка со фестивалот, а ја поддржува Министерството за култура.

Заинтересираните можат да се пријавите на следниот линк: https://bit.ly/4bsyNhN

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни