о2 Иницијативата ги кани сите заинтересирани граѓани да се вклучат активно во планирање на просторот во нивната населба, преку информирање за постапката на носење на еден ДУП, потенцијалните ризици од корупција, насоки како да прочитаат еден урбанистички план и како да воочат неправилности и како да поднесат забелешки. Како да се борите институционално преку поднесување на пријава, барање, претставка.
Како да воочите потенцијален ризик од корупција при носење на закони од страна на вашите пратеници.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, ГO и претставници од релевантните институции да го пријават своето учество најдоцна до 25.06.2024 (вторник) на е-маил адресата o2macedonia@gmail.com.
Агенда
15:45 – 16:00 Пристигнување и пријавување
16:00 – 16:10 Вовед
16:10 – 16:40 Како се носи ДУП, кои се потенцијалните ризици од корупција, анализа на случај, како граѓаните да се вклучат активно – Здружение О2 Иницијатива
16:40 – 17:10 Правен аспект на поднесување на пријави, барања, претставки на воочени неправилности – Бојан Трпевски, Здружение на млади правници
17:10 – 17:30 Кафе пауза со закуска
17:30 – 18:00 Како се чита синтезен план, легенда, нумерички дел, посебни услови за изградба – Биљана Петрова, диа
18:00 – 18:30 Читање на различни синтезни планови – интерактивен дел
18:30 – 19:00 Носење на закони и потенцијалните ризици од корупција – Здружение О2 Иницијатива
*Настанот е организиран од О2 Иницијатива со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) а во партнерство со МЦМС. Содржината и мислењата изразени во овој настан им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на МЦМС, УСАИД или на Владата на САД.