Д-р. Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, колекционер на мотори и на убави моменти

Работата со деца носи големо задоволство, но и голема одговорност

Д-р Владимир Чадиковски е детски кардохирург кој последниве десет години со неговиот тим гордо стои зад првата и единствена Детска Кардиохирургија во земјава. Со д-р.Чадиковски зборувавме за работата како хирург, но и за вечната потрага по среќа, за пасијата кон моторите и старите коли и за градот во кој живее и за кој го врзуваат спомените.

Да се работи со деца вели др Чадиковски носи големо задоволство, но и голема одговорност.

-Кога ќе заврши денот, чувството може да биде од екстремна радост до екстремна тага, грижа на совест, добро направена работа…измешани чувства. Од една крајност до друга крајност. Но големата слика на крај е дека сепак задоволството и среќата е поголема од сите други работи. Имаш една слика дека си завршил нешто добро. И тоа е едно уникатно чувство кое ме следи. Среќен сум дека го живеам тој живот – вели д-р. Чадиковски.

На прашањето на што е најмогу горд, без размислување  вели, на тимот со кој работи. Токму со тој тим ги надминува сите предизвици со кои се соочил во последните 10 години од кога почна да работи и првата Детска кардиохирургија.

Др Чадиковски освен како хирург, е познат и по својата пасија по стари коли и мотори.

– Навистина уживам. Има еден креативен момент и не е само возењето, туку и креирањето, ликот го добиваат на тебе. И навистина сум среќен, ме прават баш среќен. Интересна работа е кога ги возите овие олд тајмер мотори, коли и сите тие си имаат посебна приказна и сите се поврзани со одреден тип на музика во зависност од тоа што возите. Мини морисот што го имам, олд тајмерски Мини морис, го возеле Битлси, значи тој има една приказна која што ти го доловува тоа време. Уствари, си го живееш филмот во еден краток период и ти прави многу убаво чувство –вели д-р Чадиковски.

На прашањето дали брзината на моторите е истата брзина со која “вози “ низ животоt, вели дека се потсетува себе си секој ден и се обидува на успори.

-Кога ќе се дојде на овие години, најголем непријател, што вика Чарли Чаплин, ви е времето и едноставно возите. Сите тие моторите, мирисот, адреналинот, брзината, ви даваат чувство на еден живот, ве исполнува и сте адреналин зависни. А животот си тече, поминува… Кога помина годината ни сам не знам, така да пробуваме, некако пробувам да ги успорам, ама…. Ќе видиме, ќе ви кажам еден ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни