Работата на Трн препознаена од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Трн денеска доби благодарница од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ заради тоа што покажал особен интерес за работата на институтот и за заедничка афирмација на јазикот на сите важни датуми со кои се одбележува работата на овој институт. На денешниот настан беа доделени благодарници за медиумите и новинарите кои информирале за активностите на оваа институција.

ИМЈ „Крсте Мисирков“ ова признание за порталот ја доделува по повод значајниот јубилеј – 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик.

На почетокот од свеченото доделување се обрати директорката проф. д-р Елена Јованова Грујовска и се заблагодари на медиумите и присутните новинари за нивното известување околу работата на Институтот.

Елена Јованова Грујовска

„Институтот беше добро покриен од сите медиуми до кои денес ќе изразиме благодарност. Некогаш позитивно, некогаш негативно, но не се лутиме затоа што новинарска слобода мора да има. На сите што не поддржавте и сите што пишувавте за нас, на сите ви се заблагодаруваме. Не јас лично, туку од името на институтот за македонски јазик. За  институтот многу се слушна минатите години, ама се слушна благодарение на вас, на вашиот труд и желба да објавите за нашата работа“, истакна Елена.

На една од минатите седници на Советот на Институтот се донесе одлука да се дадат благодарници за медиуми и новинари кои ја следеа нивната работа.

„Ви благодарам од срце. Без вас Институтот немаше да биде тоа што е, немаше да се знае ништо за работата. Ние имаме видливост затоа што сте вие тука и информирате за сите наши настани и активности. Ве поздравувам и посакувам уште многу заеднички соработки“, истакна на крајот од настанот, директорката на ИМЈ „Крсте Мисирков“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни