Рајан Гослинг станува дел од светот на „Војна на ѕвездите“ – новиот филм ќе излезе во 2027 година

Рајан Гослинг ќе глуми во новиот филм „Војна на ѕвездите“ кој ќе се појави во кината во мај 2027 година, објави во четвртокот „Лукасфилм“ на Дизни.
Фото: Gage Skidmore

Приказната на Star Wars: Starfighter ќе биде пет години по „Подемот на Скајвокер“ од 2019 година, се вели во соопштението за медиумите на Лукасфилм.

Филмот е „сосема нова авантура со сосема нови ликови сместена во временски период кој сè уште не е истражен на екранот“, се вели во соопштението.

Режисер е Шон Леви, а продукцијата започнува наесен. Леви го режираше филмот на Марвел „Дедпул и Вулверин“ од 2024 година и епизодите од ТВ серијата „Stranger Things“ на Нетфликс.

Актерот Рајан Гослинг три пати беше номиниран за Оскар, а последен пат за улогата на Кен во филмот „Барби“ од 2023 година.

„Војна на ѕвездите“ е научно-фантастична франшиза создадена од Џорџ Лукас во 1977 година и сместена во далечна, далечна галаксија.

Филмовите од „Војна на ѕвездите“ донесоа повеќе од 5,1 милијарда долари на кино благајните ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни