,,Quintessence by Quincy Jones” ја отвара новата концертна сезона Националниот џез оркестар

Квинси Џонс е легендарна фигура од музичката индустрија, композитор, аранжер, диригент, инструменталист, водач на бендови и продуцент со огромно влијание врз американската култура повеќе од 70 години, кој има работено со врвни уметници од секоја ера на популарната музика, од бибоп до хип хоп

Новата концертна сезона Националниот џез оркестар ја започнува со Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones!

Квинси Џонс е легендарна фигура од музичката индустрија, композитор, аранжер, диригент, инструменталист, водач на бендови и продуцент со огромно влијание врз американската култура повеќе од 70 години, кој има работено со врвни уметници од секоја ера на популарната музика, од бибоп до хип хоп.

Добитник на безброј признанија, вклучувајќи и вкупно 80 Греми номинации, рекорд на сите времиња, од кои освоени 28.Овој вистински сестран музички магнат го изгубувме на крајот на минатата година, но неговото наследство, ќе живее со генерациите што доаѓаат.

Квинси како џез-аранжер, композитор и диригент станува популарен уште претходно, а неговите албуми ја истакнуваат способноста да спојува различни музички стилови и се одраз на неговиот иновативен пристап кон биг-бенд музиката.

Соработува со низа истакнати биг-бендови – неговиот сопствен биг-бенд основан во доцните 50-ти, биг-бендот на Лајонел Хемптон, Каунт Бејси, Дизи Гилеспи.Концертот под наслов Quintessence, кој ќе се одржи во Филхармонија на 24 јануари, со почеток од 20 часот, го покрива значајниот биг-бенд опус на Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, како и ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси доминира како аранжер и продуцент.

Во овој дел од концертот како солисти ќе настапат: Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ Дексо, Сашо Гигов Гиш, Џон Илија Апелгрен,.

Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни