Queen со ново видео за песна од нивниот деби албум

Бендот Queen објави ново музичко видео за песната „The Night Comes Down“, од нивниот деби албум.
Screenshot

Видеото содржи стари снимки од бендот од раните 1970-ти, но по соработката со уметник специјализиран за вештачка интелигенција, некои од тие снимки добиваат сосема нова димензија.

„The Night Comes Down“ е првиот сингл преземен од Queen I, римастериран, ремиксиран, проширен сет со 6 дискови од револуционерниот деби албум на бендот, Queen, и една од најраните снимки на бендот што некогаш се појавиле на носач на звук. Песната ќе биде физички објавена на 7 инчна плоча на 4 октомври, непосредно пред очекуваното објавување на бокс сет на Queen I на 25 октомври.

Оваа песна беше вистинска најави за тоа што следеше од Queen со извонредното фалсето на Фреди Меркјури, брановидниот бас на Џон Дикон, внимателните перкусии на Роџер Тејлор и длабоко чувствителното свирење на Брајан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни