Воден од желбата за внимание, сопственикот на социјалната мрежа X, Илон Маск сподели видо генерирано со вештачка интелигенција на кое светските лидери шетаат на модна писта облечени во необични комбинации – Џо Бајден во инвалидска количка, Трамп во портокалов затворски комбинезон, а Путин во фустан со боите на виножитото.
„Дојде времето за модна ревија смислена од вештачката интелигенција“ напиша Маск на видеото кое стана вирално.
Модната ревија ја отвора Папата Франциско во бела дебела јака, со златен каиш. По него следува рускиот претседател Владимир Путин во „Луи Витон“ фустан со боите на виножитото, а следен е американскиот претседател Џо Бајден кој е во количка и носи камуфлажно одело.
И самиот Маск го има на видеото кој прво е топлес, со купаќи и трегери во знакот на X, а потоа околу него се формира футуристичко одело со знакот на „Тесла“. Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е во портокалово затворско одело со лисици кои му висат од рацете.
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун е во рап фазон, додека кинескиот претседател Си Џингпинг носи принтови од Вини Пу.
Основачот и директор на „Мета“ и ривал на Маск, Марк Закерберк на пистата шета во зелено одело од гуштерска кожа, а поранешниот американски претседател Барак Обама се појавува во „Матрикс“ издание и менува десетина различни комбинации.
Тука е и потпретседателката на САД, Камала Харис со здолниште на кое е напишано „Харис 2024“, како јасна порака дека е најверојатниот кандидат на Демократите на престојните претседателски избори.
Освен нив, во видеото се појавуваат и Тим Кук, Џастин Трудо, Бил и Хилари Клинтон, Нарендра Моди, Џеф Безос, Берни Сандерс, а крајот е резервиран за основачот на „Мајкрософт“, Бил Грејтс со екран на кој се појавува синиот екран на смртта.
Извор: Н1