За само неколку часа во Алјаска, Владимир Путин успеа да го убеди Доналд Трамп дека прекин на огнот во Украина не е вистинскиот пат, да ги спречи американските санкции и спектакуларно да ги разбиe долгорочните обиди на Западот за изолација на рускиот претседател, наведува Reuters во својата анализа на самитот.
Надвор од Русија, Путин широко се смета за победник на самитот во Алјаска, додека дома, руските државни медиуми го прикажуваат американскиот претседател како разумен државник, иако критичарите на Запад го обвинуваат дека претерал.
Руските државни медиуми силно ја нагласија фактата дека на Путин му беше дозволен воен прелет, дека Трамп го чекаше на црвениот тепих, а потоа му дозволи на рускиот претседател да се вози со него на задното седиште на „Големото ѕверче“, претседателската лимузина на САД.
Западните медиуми се во состојба што може да се опише како растроеност на работ на целосно лудило“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.
„Три години зборуваа за изолација на Русија, а денес гледаат црвен тепих прострен за да се пречека рускиот претседател во САД“, рече таа.
Барањето за Донбас
Додека расправите продолжуваат, руските сили бавно но сигурно напредуваат на бојното поле и претставуваат закана за неколку украински градови, чиј пад би можел да го забрза обидот на Москва да воспостави целосна контрола врз источниот регион Донецк – една од четирите украински области кои Русија ги смета за свои.
Од Донецк, околу 25 проценти и понатаму се надвор од руската контрола, а заедно со регионот Луганск ја сочинуваат индустриската област Донбас, за која Путин јасно стави до знаење дека ја сака целосно
Путин му рекол на Трамп дека би бил подготвен да ги замрзне фронтовите во Запорожје и Херсон – другите две области кои Русија ги смета за свои – доколку Киев се согласи да се повлече и од Донецк и од Луганск, изјавил за Reuters еден запознаен извор.
Зеленски го отфрлил барањето, потврдил истиот извор.
Според New York Times, Трамп им рекол на европските лидери дека украинското признавање на Донбас како руски би помогнало за постигнување договор. А САД се подготвени да бидат дел од безбедносните гаранции за Украина, изјавил германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Работата на Трамп е да изврши притисок врз Украина.
“Некои критичари на Кремљ велат дека би било погрешно на Путин да му се припишат преголеми успеси во оваа фаза.
„Русија повторно го воспостави својот статус и доби дијалог со САД“, рече Мишел Диклос, француски дипломат кој претходно служел во Москва и е аналитичар во тинк-тенкот Institut Montaigne.
„Но кога имате војна во рацете и економијата ви се распаѓа, тоа се ограничени придобивки.“
Руските официјални лица негираат дека економијата – која е префрлена на воени основи и покажала поголема отпорност отколку што предвидувал Запад – се распаѓа, но признаваат знаци на прегревање и велат дека следната година би можела да влезе во рецесија ако не се приспособат политиките.
„За Путин, економските проблеми се секундарни во однос на неговите цели, но тој ја разбира нашата ранливост и поврзаните трошоци“, изјави еден извор запознаен со размислувањата на Кремљ.
„Двете страни ќе треба да направат отстапки. Прашањето е колку. Алтернативата, ако сакаме воено да ги победиме, е подлабока мобилизација на ресурсите и попрецизна нивна употреба – но ние не одиме по тој пат од повеќе причини“, рече истиот извор.
„Работата на Трамп ќе биде да изврши притисок врз Украина да ги прифати договорите.“