Музејот го чуваше отворањето во тајност, веројатно од безбедносни причини. „Илустрирајќи го се понепријателскиот однос меѓу феминистичкиот уметнички колектив и државните власти, изложбата нуди важни сознанија за еволуцијата на Путинова Русија во изминатата деценија, кулминирајќи со воената инвазија на Украина“, се вели во соопштението на музејот.
„Со текот на годините, преку нивната уметничка активност, Пуси Рајот генијално ги трансформираше угнетувачките алатки на авторитарната држава во нова колаборативна сила за креативност, бестрашно преземајќи сериозни ризици“ велат од музејот.
Изложени се рачно напишани текстови, видеа и фотографии. Изложбата, лоцирана во поранешниот бунер Хаус дер Кунст, ќе биде отворена до 2 февруари. Во април, Пуси Рајот настапија во Пинакотек дер Модерн на неколку минути, каде трите членки на групата, со гласна музика, го осудија рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник.
Со плетени маски на лицата, тие го осудија разорното бомбардирање на Украина и повикаа на солидарност со тамошното население. Тие направија и особено смел гест, кога една од членовите го подигна здолништето и уринираше на сликата на Путин. Панк бендот е основан во 2011 година и ја комбинира својата музика со остри критики на рускиот режим.
Нивниот настап во катедралата Христос Спасител во Москва во 2012 година стана познат кога членовите на Пуси Рајот, облечени во плетени флуоресцентни ски маски, протестираа против политиката на Кремљ со „панк молитвата“, како што ја нарекоа, по што беа уапсени.
Извор: Индекс.хр