Пушење под строг надзор: нови правила за автомобили, јавни места и електронски цигари

Министерството за здравство ја објаснува потребата од овие измени како превенција од „здравствена катастрофа“, при што се посочува дека пушењето е една од водечките причини за сериозни хронични заболувања.

Министерството за здравство подготвува нов закон за заштита од пушењето, со кој се планира драстично заострување на државната политика кон тутунските производи, објави ТВ Телма. Нацрт-законот наскоро ќе биде ставен на јавна дебата, со цел граѓаните да можат да ги изнесат своите забелешки.

Според информациите на телевизијата, предлог-законот предвидува:

Забрана за пушење во сите затворени јавни простори – угостителски објекти за храна, ресторани, барови, меани, кантини, како и на терасите на кафеаните, доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни.

Забрана за пушење во автомобил, доколку во возилото има присуство на дете.

Забрана на пушење на јавни простори – автобуски и железнички станици, пазари, редици и други институции.

Контрола на тутунските производи – ограничување на увозот и продажбата, отстранување на цигарите од видното поле на купувачите во маркетите.

Вклучување на сите видови никотински производи – електронски цигари, вејп-уреди и ароматизирани цигари исто така ќе бидат опфатени со забраната.

Министерството за здравство ја објаснува потребата од овие измени како превенција од „здравствена катастрофа“, при што се посочува дека пушењето е една од водечките причини за сериозни хронични заболувања.

Според податоците на институциите, над 45% од возрасното население во Македонија пуши, што е значително над просекот на Европа. Половина од нив консумираат по една кутија цигари дневно.

Предложените измени на законот наскоро ќе бидат објавени за јавна дебата, што ќе овозможи дополнителни коментари од граѓаните и здруженијата за заштита на здравјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни