Пукање кај универзитет во САД: осомничениот не е уапсен, има повеќе ранети

Во близина на кампусот на Универзитетот Браун, во американската сојузна држава Род Ајленд, е пријавено пуање, а според последните информации, еден осомничен сè уште не е уапсен, пренесува CBS News.

Дел од американските медиуми јавуваат за повеќе жртви, но засега не е потврдено дали има загинати.

Полицијата соопшти дека во инцидентот биле застрелани повеќе лица и дека истрагата е во тек.

„Повеќе лица се застрелани во подрачјето околу Универзитетот Браун. Истрагата е во тек. Ги повикуваме граѓаните да останат на безбедно место или да го избегнуваат ова подрачје до понатамошно известување“, соопшти полицијата.

Надлежните служби продолжуваат со потрагата по осомничениот, а безбедносните мерки во и околу универзитетскиот кампус се засилени. Засега нема официјални информации за состојбата на ранетите, ниту за мотивите за нападот.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни