(Видео) Пукањe во близина на метро станицата Клемансо во Брисел, мажи со фантомки од калашников пукале на минувачите

Полицијата во Брисел трага по наоружаните напаѓачи по пукањето на станицата на подземната железница Клемансо . На снимките од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи со фантомки и пушки кои личат на калашникови.

https://twitter.com/i/status/1887085105824374890

Претпријатието STIB, кое управува со бриселската подземна железница, соопшти дека е прекинат сообраќајот на линиите 2 и 6 помеѓу станицата Трон во близина на зградата на Европскиот парламент и Западната железничка станица во Андерлехт. Во соопштението се наведува дека се прекинати и поаѓањата на трамваите на линиите 4 и 10 помеѓу Северната железничка станица во Скарбејк и станицата Черчил во општина Укл.

Прекратен е и трамвајскиот сообраќај на линиите кои водат западно од центарот на Брисел.

Полицијата ја затворила метро станицата на бриселската Централна железничка станица, како и станиците на подземната железница Делакроа и Клемансо. Локалните медиуми пренесоа изјави од полицијата дека осомничените за пукањето можеби се наоѓаат во тунелите на метрото.

„Се случи пукање. Снимките од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо. Како дел од безбедносни мерки, мораше да ги затвориме линиите на метрото,“ изјавила за Политико Сара Фредерикс, портпаролка на бриселската полиција за јужниот дел на главниот град на ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни