Public Room е домаќин на ПМГ Рекордингс Фестивал 14: Донплеја и Принцес Донатсу со концерт во четврток

Оваа година, културниот центар Public Room ќе биде домаќин на 14. издание на ПМГ Рекордингс Фестивалот, каде што љубителите на автентичната трап-сцена ќе имаат ретка можност да го проследат настапот на највлијателното авангардно трап-дуо од Битола – DONPLAYA & PRINCE$$ DONATSU.

Концертот ќе се одржи во четврток, со почеток во 21 часот, а билетите се достапни преку продажната мрежа на drugastrana.mk.

Дуото е познато по својата смела уметничка изразност, која ја спојува музиката со визуелната уметност, рапот и елементите на комедија. Нивните текстови често обработуваат табу и контроверзни теми, оставајќи силен впечаток врз новата генерација.

Donplaya, мултидисциплинарен уметник, стои зад албумот makeDON, ЕП-то Donplejada и бројни култни синглови. Од друга страна, Prince$$ Donatsu направи бранување со синглот Битола, кој се втемели како современ трап евергрин и силен глас на женскиот музички активизам во земјава.

Настанот претставува кулминација на независната и андерграунд сцена што ПМГ Рекордингс ја негува повеќе од една деценија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни