Во заливот Орешковица, во близина на Доњи Милановац, беше пронајден мртов лебед за кој Националната референтна лабораторија за ветеринарна инспекција на птичји грип во Краљево утврди дека е заразен со патогениот вид на вирусот H5N1.
Областа во радиус од три километри од жариштето беше прогласено заразено со птичји грип кај дивите птици.
„На 8 октомври жители од овој крај ја известиле надлежната служба на ЈП „Национален парк Ѓердап“ дека во Оресковичкиот залив има мртов лебед. Епизоотиолошката истрага и земање мостри од трупот на лебед извршиле надлежен ветеринарен инспектор и епизоотиолог од Ветеринарно-специјалистички институт „Зајечар“, а мострите се испратени во Националната референтна лабораторија во Краљево“, вели Јована Петровиќ, од ЈП „Национален парк Ѓердап“.
По добиената потврда за присуство на патогениот сој на вирусот Х5Н1, со истото Решение на Управата за ветеринарство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од 11 октомври, подрачјето со радиус од најмалку десет километри од жариштето, која ги опфаќа населените места Мосна, Бољетин и Голубиње, е прогласена за загрозена од птичји грип.