ПСЖ и Тотенхем вечерва ќе се борат за првиот триумф во Суперкупот на УЕФА

Суперкупот на УЕФА се игра од 1973 година, досега се одиграни 49 вакви натпревари, а 42-от Суперкуп се играше во Скопје, во 2017 година

Актуелниот европски фудбалски шампион ПСЖ и освојувачот на Лига Европа, Тотенхем, вечерва ќе играат за Суперкупот на УЕФА.

Во ПСЖ се оптимисти дека со трофеј ќе ја отворат новата сезона. Капитенот на парижаните, Маркињос, најави голема борбеност на неговиот тим кој е фаворит.

– Одлично е што ја започнуваме сезоната вака – како победници на Лигата на шампионите! Ова е првпат за играчите на ПСЖ. Ние сме борци и секогаш сакаме да се бориме за сите можни титули. Еднаш да се победи е одлично, но сакаме да се бориме за трофеи одново и одново. Тотенхем е добро подготвен. Ние иако не сме во најдобра физичка форма, имаме тим на високо ниво, изјави Маркињос за француските медиуми.

Натпреварот ПСЖ – Тотенхем ќе се игра вечер од 21 часот на стадионот „Фриули“ во италијанскиот град Удине.

Инаку, ова е јубилејно 50. издание на Суперкупот на УЕФА, кој се игра од 1973 година, досега се одиграни 49 вакви натпревари, а 42-от Суперкуп се играше во Скопје, во 2017 година.

Најтрофеен е Реал Мадрид со шест победи во Суперкупот, а ПСЖ и Тотенхем вечерва играат за прв трофеј во Суперкупот на УЕФА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни