Ставање ливче од 100 денари во обложувалница е една работа, а обложување неколку илјади евра на едно вртење на рулет е сосема друга. Коцкањето со високи облози е повеќе од желба тестирање на вашата среќа. Тоа претсавува микс од психологија, проценка на ризик и специфично човечко однесување. Во оваа статија ќе дадеме одговор на тоа зошто некои луѓе се склони кон коцкање со високи облози и каква е улогата на психологијата во сето тоа.
Разбирање на привлечноста
Фактот што проверувањето на информации за Mozzart MK и останати казина преку популарни платформи како online-casino.mk, каде може да најдете казино рецензија за сајтот за кој сте заинтересирани, е честа активност во Македонија, зборува доста за тоа колку коцкањето е привлечно.
Сепак, коцкањето со високи облази ја подига привлечноста на ново ниво, пред се поради возбудата од ризикот. Имено, во основата на овој вид активност е возбудата поврзана со преземање ризик. За многумина, адреналинскиот набој од обложувањето висока сума пари како и последователниот исход, без разлика дали е добивка или загуба, е опоен. Оваа возбуда доаѓа од активацијата на системот за наградување кој се наоѓа во нашиот мозок, поточно од ослободувањето на допаминот. Овој хормон не само што го прави искуството задоволувачко туку и го поттикнува повторувањето на тоа искуство.
Овој вид на коцкари често самите создаваат привид на контрола врз играта. Тие веруваат дека можат целосно да влијаат врз исходите преку нивното искуство, знаење и стратегија. Ова е само илузија која најчесто се гледа во игри како покер и блекџек каде одлуките имаат влијание врз резултатите до некој степен.
Се разбира, некои од овие играчи практикуваат ваков начин на играње за да избегаат од реалноста. Интензитетот на играта привремено им помага да заборават на стресот кој им го приредува животот. На овој начин тие создаваат ментално засолниште. Ова е особено изразено во периоди од животот кои се преинтензивни или надвор од нашата контрола.
Психолошки механизми кои влијаат на ова однесување
Постојат повеќе психолошки механизми кои имаат влијание врз ваквото специфично однесување кое во поголемиот број случаи е непосакувано.
Најпрво, ваквиот вид коцкари се склони кон различни когнитивни предрасуди. На пример, повеќето од нив веруваат дека нивната среќа или способности се подобри од тоа што се реално. Дополнително, тие мислат дека претходните настани можат да влијаат на случајни настани. Таков е случајот кога мислат дека загубата мора да и претходи на добивката. Секако, тука се вбројува и стравот од загуба кој ги тера коцкарите да преземаат поголеми ризици за да го избегнат чувството на загуба.
Уште еден психолошки механизам кој има влијание е чувството дека победата била на дофат. Многу пати сме слушнале дека некој “за малце” не остварил добивка. Тоа чувство е силен мотиватор. Во умот на коцкарите со високи облози, поразите се доказ дека биле блиску до добивка, па затоа е оправдано да користат повисоки суми. На ова се надоврзува и жалењето по загубата кое ги поттикнува да продолжат да играат во обид да се поправат или да ги “покријат” загубите.
Во овој дел од нашата статија, повторно ќе го спомнеме допаминот кој има двојна улога. Првенствено, тој го подобрува задоволството од добивките, но со текот на времето, некои коцкари можат да започнат да го бркаат тоа првично чувство дури и по цена на високи финансиски трошоци.
Социјален аспект
Кога станува збор за коцкање со високи облози, не треба да се заборави дека тоа често се одвива во одредени општествени средини, како на пример ексклузивни казина (онлајн или физички казина) или специјално организирани настани.
Оваа средина може да ги зголеми психолошките ефекти. На пример, гледањето како други добиваат може да го оправда ставањето високи облози. Исто така, компетитивноста може да наведе некои лица да преземат поголеми ризици за да не се чувствуваат изолирани. Секако, користењето високи облози може да го подигне и статусот на личноста во одредени кругови. Сето тоа придонесува за овој вид на активност.
Последици
Постојат многубројни последици кои може да се очекуваат како резултат на коцкањето со високи облози. Повеќето од нив не се позитивни.
Прво, привлечноста на ваквата пракса може да доведе до значителни финансиски загуби. Не треба да се заборави дека и емоционалните последици можат да бидат еднакво тешки. Чувствата на вина, депресија и анксиозност вообичаено следуваат после одреден период особено после период на последователни загуби.
Треба да истакнеме и дека постои можност од развивање на зависност. Тоа што на почетокот изгледа како можност за добра забава и возбуда може да прерасне во завиност од коцкање. Во ваква ситуација, психолошката потреба од коцкање го надминува разумниот процес на носење одлуки. Продолжена пракса од овој вид може да доведе до менување на животот не само на коцкарот туку и на неговите најблиски.
Одговорно лоцкање
Коцкањето е вид на забава, но во некои случаи тоа може да премине во зависност. Играчите кои практикуваат коцкање со високи облози се особено подложни на развивање проблематично однесување. Од таа причина, токму оваа категорија играчи треба да биде особено внимателна.
Одговорното коцкање треба да ви биде приоритет. Едно од основните правила во овој поглед е формирањето на одреден буџет до кој треба да се држите без разлика на вашите успеси или загуби. Препорачливо е да се формира месечен буџет за оваа намена. Одредете сума која нема да влијае на вашето секојдневие дури и целосно да ја изгубите во тековниот месец.
Коцкањето со високи облози можат да си го дозволат само луѓето со многу пари, но и тие треба да бидат крајно внимателни и одговорни.
*ПР објава