Кога влегуваме во расправа – без разлика дали станува збор за партнер, колега или член на семејството – често се трудиме да најдеме непобедливи факти кои ќе го натераат противникот во дискусијата да признае дека не е во право. Логиката ни налага дека објективните информации ќе бидат доволни да го променат нечието мислење.
Меѓутоа, ова е една од најголемите заблуди кога станува збор за убедување, тврди Курт Греј, професор по социјална психологија на Универзитетот во Северна Каролина, Чапел Хил.
Зошто фактите не го менуваат мислењето?
„Луѓето мислат дека фактите се моќни и дека можат да променат нечиј став, но тоа не е вистина,“ објаснува Греј, автор на книгата „Outraged: Why We Fight About Morality and Politics and How to Find Common Ground“ (Разлутено: Зошто се расправаме за моралот и политиката и како да најдеме заеднички јазик).
Истражувањата покажуваат дека дури и кога луѓето се запознаени со научни студии и докази кои го поддржуваат одредени ставови, често избираат да ги игнорираат. Во еден извештај објавен во 2018 година во Journal of Management се наведува дека фактите не дејствуваат на сите исто, бидејќи луѓето често ги толкуваат во согласност со своите постоечки уверувања.
„Кога во расправа ќе изнесете факти, другата страна едноставно ќе ги оспори – ќе каже дека не се точни или дека се измислени. Живееме во различни медиумски меурчиња каде што не постои универзален консензус за тоа што се фактите, па тие не имаат истата тежина како порано,“ нагласува Греј.
Како навистина да влијаеме на нечието мислење?
Според Греј, првиот чекор кон успешна комуникација со некој што не се согласува со вас е да не го доживувате како сосема различна личност.
„Сите ние се трудиме да се заштитиме себеси, нашето семејство и нашето општество – само што сме фокусирани на различни опасности,“ вели тој.
Наместо расправата да стане натпревар, Греј советува да се обидете да ги разберете мотивите и стравовите на соговорникот. Тој препорачува три клучни чекори за посоуспешен дијалог:
- Разбирање на мотивите на соговорникот – Наместо веднаш да контрирате, поставувајте прашања и покажете искрено интересирање за тоа како другата страна дошла до својот став.
- Валидирање, дури и ако не се согласувате – Можете да признаете дека разбирате зошто некој мисли на одреден начин, дури и ако не го делите неговото мислење.
- Лично поврзување – Наместо да бомбардирате со факти, споделете лично искуство што го објаснува вашиот став. Луѓето се посклонни да размислат за различно мислење ако зад него стои реална човечка приказна, а не само сува статистика.
Разговорот не е борба, туку можност за разбирање
Греј нагласува дека во комуникацијата не е целта да „победите“ друга личност, бидејќи во морални и политички прашања речиси никој не признава пораз.
„Ако влегувате во расправа со желба да победите, веќе сте изгубиле. Наместо тоа, обидете се да разберете,“ заклучува тој.
На крај, дури и ако не го промените мислењето на соговорникот, ќе успеете да постигнете почитување и подобра меѓусебна комуникација – а тоа веќе е голем чекор напред.