Психолог издвојува една вештина што може да ја изгради или уништи врската

Кога зборуваме за тоа што ја одржува една врска, најчесто се споменуваат добра комуникација, заеднички вредности, интимност или хумор.

Но, според психологот Марк Траверс за Psychology Today, постои една помалку позната емоционална вештина која суштински одредува дали една врска ќе опстане – емоционалната автономија.

„Оваа вештина не се забележува веднаш, но кога партнерите почнуваат да ја практикуваат, сè се менува – од начинот на кој се справуваат со конфликти до тоа колку безбедно се чувствуваат еден покрај друг. Најважно е секој поединец да преземе одговорност за својата емоционална состојба, наместо да го обвинува партнерот“, објаснува Траверс.

Во практика, емоционалната автономија значи способност да го задржиме сопствениот емоционален центар – без обвинување, без очекување другиот да нè поправи или да ни ја потврди вредноста. Таа внатрешна сигурност овозможува да сакаме длабоко, без да се изгубиме себеси.

„Кога двајцата партнери ја негуваат оваа вештина, конфликтите стануваат помалку експлозивни, искреноста доаѓа полесно, а поддршката се дава од желба, а не од страв или обврска. Таквата стабилност создава врска во која има простор за ранливост и подлабока поврзаност – темел за вистинска интимност“, заклучува Траверс.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни