Оваа година, скарата ја заменија наргилињата – а чадот, наместо од печено месе, се ширеше од наргилето. Средно Водно се претвори во градска оаза каде што младите дојдоа повеќе по добра вибрација отколку по традиционален пикник.

Диџеј Мац пушташе хитови што го разбудија шумското срце и придонсеоа за одлично расположение.
Журката траеше со часови – со шизење и селфиња меѓу боровите дрвја. Повеќе урбано отколку рурално – Први мај на Водно доби ново лице.

Некои шетаа, други лежерно седеа на трева, а трети едноставно се ладеа со сокче и глетка кон градот. Скопје под нив, музика околу нив – и моментот баш на место.
