Прво појавување на Папата во јавност откако пет недели помина во болница

По повеќе од пет недели поминати во болница, папата Франциск денес го имаше своето прво појавување во јавноста, мавтајќи со раката од балконот во болницата Гемели во Рим пред да ја напушти установата.
Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Папата беше хоспитализиран на 14 февруари со тешка инфекција. Лекарите на папата во саботата рекоа дека ќе биде потребно уште многу време за целосно заздравување и рекоа дека му препишале на понтифот уште два месеци одмор во Ватикан.

Франциск денеска се појави на балконот во болницата за да ги поздрави верниците кои се собраа да му посакаат добро здарвје. Тој се појави во инвалидска количка, се насмевна и им мавна на групата добронамерници собрани надвор долу.


Папата, чие лице изгледаше отечено, се појави само на неколку моменти. Тој зборуваше кратко, со слаб глас, за да му се заблагодари на еден од членовите на толпата долу, кој донесе жолти цветови.

Франциск беше виден од јавноста само еднаш претходно за време на неговиот престој во болница, на фотографијата што Ватикан ја објави минатата недела, на која се гледа понтифот на молитва во болничката капела.

Во моментите пред појавувањето на понтифот во неделата, толпата од стотици добронамерници се собраа пред болницата очекувајќи го папата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни