Прво појавување на Блек Кофи по авионската несреќа – ,,Едвај чекам да се вратам на подиумот’’

Додека продолжува да одвојува време за себе и да се опорави од тешката авионска несреќа што се случи  минатиот месец, меѓународно признатиот диџеј и продуцент Black Coffee со нетрпение очекува повторно да се врати на подиумот и да ја забавува публиката.

„Едвај чекам да се вратам на подиумот со сите вас многу, многу наскоро“, напиша тој во описот на фотографијата од себе што ја сподели на социјалните мрежи.

Добитникот на Греми наградата сега се лекува во неговиот дом, откако минатиот месец бил примен во уругвајската болница по авионската несреќа во која се  здобил со сериозни повреди по телото. Авионската несреќа се случила додека Блек Кофи патувал од Мар Дел Плата до Аргентина каде требало да настапува.

„Ви благодарам што ја почитувавте мојата приватност за време на еден интимен момент во мојот живот. Го одвоив ова време за да се опоравам и да земам одмор колку ми е потребно дома, заедно со моето семејство покрај мене“ – изјави тој.
„Благодарен сум на милосрдниот Бог што ми даде уште една шанса“- пишува во објавата.

Извор: https://www.news24.com/life/arts-and-entertainment/celebrities/i-cant-wait-to-be-back-black-coffee-updates-fans-on-his-recovery-as-he-heals-at-home-with-family-20240213

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни