Прво обраќање на Хамнеи: Ормутскиот теснец останува затворен, ќе ја одмаздиме крвта на нашите маченици

Хамнеи најави и дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен и дека Иран ги почитува соседите но и дека натаму ќе ги напаѓа американските бази во соседството

Новиот врховен водач на Иран Мотџаба Хамнеи денес излезе со прво обраќање до јавноста по неговото назначување.

Тој ѝ се заблагодари на војската за својот придонес најавувајќи дека „крвта на нашите маченици ќе биде одмаздена“.

Хамнеи најави и дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен и дека Иран ги почитува соседите но и дека натаму ќе ги напаѓа американските бази во соседството.

„Сите американски бази треба веднаш да бидат затворени во регионот, во спротивно ќе бидат нападнати, вели новиот врховен лидер на Иран во првата изјава.

Во обраќањето тој истакна и дека вооружени групи во Јемен и Ирак ја поддржуваат и ѝ помагаат на Иранската револуционерна гарда

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни