Прво издание на ,,Аjде Фестивал” во општина Аеродром

Првото издание на ,,Аjде Фeстивал” ќе се одржи на 4 септември со почеток од 18:00 часот, во паркчето Васко Карангелески, со богата музичка програма и едукација, како и поврзување со голем број на компании.

Фестивалот е креиран да ја надополни големата потреба за урбана културна манифестација во Општина Аеродром.

Една од главните цели е едукативниот карактер на фестивалот, вклучувајќи високо образовна институција – Хајделберг Факултет, промоција на компании и нивна презентација кон потенцијалните идни кадри.

Вклучена е и Општина Аеродром со која заедно ја интегрира и надополнува културната понуда на општината.

Настанот ќе има и хуманитарна димензија со поставување на кутии за донации кон лица со посебни потреби од Општина Аеродром.

Најново

Последни колумни