Првите симптоми на глауком кои не треба да ги игнорирате

Познат како „тивок крадец на видот“, глаукомот честопати, во раната фаза, не покажува никакви симптоми и ако не се лекува навреме може да доведе до трајно губење на видот

Глаукомот обично не се манифестира со болка или заматен вид на почетокот. Кај повеќето луѓе, симптомите стануваат позабележителни само во подоцнежните фази на болеста. Затоа глаукомот често се нарекува „тивок крадец на видот“.

За почеток, симптомите на глауком кај возрасните може да започнат со промена на периферниот вид. Ова значи дека едно лице може да забележи намалување на видното поле, особено на надворешните рабови на видот, иако ова оштетување може да биде многу суптилно. Исто така, луѓето кои имаат глауком може да почнат да забележуваат искривен вид или појава на „ореол“ ефект околу светлината.

Меѓутоа, кај најчестата форма на болеста или отворен глауком, симптомите обично отсуствуваат во почетните фази. Како што болеста напредува, може да се појават слепи точки, особено во периферниот вид, кој постепено може да се прошири.

Инаку, глаукомот е група на очни болести коишто предизвикуваат оштетување на оптичкиот нерв, што може да доведе до губење на видот. Главната причина за оваа болест е зголемен очен притисок.

Иако глаукомот обично напредува без изразени симптоми во почетните фази, редовните прегледи можат да помогнат во неговото рано откривање и да се спречи сериозно оштетување на видот.

Постојат два главни типа на глауком – глауком со отворен и затворен агол. И двата вида може да предизвикаат сериозно оштетување на видот, но имаат различни симптоми:

Глауком со отворен агол – ова е најчестиот облик на глауком, кој влијае на околу 90% од луѓето со глауком. Во почетните фази не предизвикува болка или проблеми со видот.Сепак, како што болеста напредува, може да дојде до губење на периферниот вид, наречени „слепи точки“.

Глауком со затворен агол – оваа форма на глауком бара итна медицинска помош бидејќи може да доведе до слепило во рок од неколку дена ако не се лекува. Симптомите вклучуваат ненадејно заматување на видот, силна болка во очите, главоболки, гадење, повраќање и „ореол“ ефекти околу изворите на светлина. Понекогаш оваа форма на глауком напредува бавно и на почетокот не предизвикува никакви симптоми, што се нарекува хроничен глауком со затворен агол.

Дијагностицирањето на глауком обично започнува со рутински очен преглед, вклучувајќи мерење на очниот притисок (тонометрија) и испитување на видното поле. Ако постои сомнеж за глауком, лекарите може да направат дополнителни тестови, како што е испитување на очното дно за да се открие оштетување на оптичкиот нерв.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни