Првите патнички авиони од Абу Даби полетаа кон Лондон, Амстердам, Париз и Москва

Податоците од платформата за следење на летови покажуваат дека првиот полетал авион од типот „Етихад ервејс“ А380 на линијата за Лондон

Првите патнички авиони полетаа денес рано попладне по локално време од аеродромот Абу Даби (Меѓународен аеродром Зајед, AUH) по привременото затворање на воздушниот простор поради воени операции во регионот.

Податоците од платформата за следење на летови покажуваат дека првиот полетал авион од типот „Етихад ервејс“ А380 на линијата за Лондон. Набрзо потоа следеле полетувања за Амстердам (AMS), Париз (CDG), Москва (SVO), Карачи, Мумбаи, Исламабад и Делхи, исто така со една од двете национални авиокомпании на ОАЕ.

На овие летови им претходеше заминувањето на „Ербас А380“ на „Луфтханза“ за Минхен (MUC), но според достапните информации, на тој лет немало патници.

Летовите во моментов се пренасочуваат за да го заобиколат Персискиот Залив, преку Саудиска Арабија на исток и преку Оман и Оманскиот Залив за операции кон запад.

За потсетување, воздушните напади на САД и Израел врз цели во Иран, а потоа и иранските напади врз цели во земјите од Персискиот Залив, предизвикаа сериозни нарушувања во цивилното воздухопловство низ целиот регион. Безбедносната состојба брзо се влоши, што доведе до итни одлуки за ограничување или затворање на воздушниот простор.

Привременото затворање на воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати и Катар доведе до целосно прекинување на летовите од главните центри на Дубаи (DXB), Абу Даби (AUH) и Доха (DOH). Водечките авиокомпании во регионот, вклучувајќи ги Емирати, Катар ервејс, Етихад и flyDubai, ги прекинаа операциите од своите бази додека беа на сила безбедносните ограничувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни