Првиот случај во Италија: Жена со половина срце родила близнаци

Триесет и шестгодишна жена, родена само со една срцева комора, родила близнаци во римската универзитетска болница Гемели, што е прв таков случај во Италија, пишува во средата италијанската новинска агенција АНСА.

Нејзиниот случај е прв во Италија и само еден од четирите во светот.

Пораѓањето било можно поради решителноста на жената и напорите на специјалистите од римската педијатриска болница кои ја чувале уште од детството со вродени срцеви заболувања и персоналот на болницата Гемели каде се породила царски рез. Мајката и близнаците, момче и девојче се добро.

„Знаев дека многу ризикувам со моето половично срце, но сакав да станам мајка. Раѓањето близнаци е чувство кое не се опишува со зборови“, изјавила таа.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни