„Првиот партизански одред“ во Музеј на град Скопје

Музеј на град Скопје по повод 13-ти ноември Денот на ослободување на Скопје, организира изложба со наслов: ПРВИОТ СКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД од авторот Валентина Петровска.

Изложбата ќе биде отворена во Музеј на град Скопје 13 ноември 2023 (понеделник), 20:00 часот.

Како што велат од Музеј на град Скопје, оваа изложба за прв пат се поставува и на овој значаен ден за Скопје тие постојано работат за афирмација на градот и негово доближување до сите оние кои сакаат да научат нешто за неговата богата историја.

„Ја одбрав токму оваа тема бидејќи сакав да дадам акцент на почетоците на вооружената борба и значењето на првиот скопски одред, како прва формирана воена единица на народно ослободителната војска на Македонија, како на територијата на Скопје, така на целата територија на Република Македонија, нели формиран е 22 август 1941 година и токму тој ден е земен и да се слави како ден на армијата на Република Македонија. Значењето на овој одред е огромно, посебно за територијата на Скопје и околните села каде партизанскиот одред се движел. Кратко постои овој партизански одред, се расформира на 2 ноември 1941 година, меѓутоа во него се приклучуваат 42 борци од кои 17 го губат својот живот, а тројца од учесниците се прогласени за народни херои: Раде Јовчевски Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски“, изјави Валентина Петревска, куратор на изложбата.

На изложбата на паноа ќе биде прикажан борбениот пат на првиот партизански одред, од почетокот на војната се до неговото расформирање, ќе има и предмети поврзани со борците кои учествуваат во формирање на првиот партизански одред, предмети од НОБ.

Изложбата ќе трае подолго бидејќи прв пат се поставува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни