Ако секој ден јадете ист појадок или често го прескокнувате, а потоа на работа чувствувате силна глад, можеби е време да го промените вашиот дневен режим. Експертите велат дека разновидната исхрана која вклучува различни оброци им овозможува на нашите црева да добијат повеќе хранливи материи и го подобрува здравјето на микробиомот.
Yahoo претставува неколку типични појадоци од различни делови на светот:
- Јапонија: „Ичиджу сансаи“ – супа и три јадења, со парен ориз, мисо супа, риба и кисела салата.
- Костарика: „Десајуно типико“ – мешавина од ориз и грав, пржени јајца, пржени банани, свежо овошје, сирење и тортиља.
- Мексико: „Уевос ранчерос“ – пржени јајца на тортиља, прекриени со салса и послужени со грав.
- Бразил: Кафе, свежо овошје, леб, сирење и шунка.
- Индија: Доса, идли, парата и поха – традиционални јадења од ферментиран ориз и леќа.
- Франција и Италија: Континентален појадок – кафе и пецива.
- Шведска: Леб, варено јајце, јогурт и кафе.
- Англија: Комплетен појадок – сланина, колбаси, јајца, печен грав, домати и печурки.
- Танзанија: „Мандази“ (слично на крофни), јајца и овошје.
- Јужна Кореја: Ориз, супа од морски алги и „банчан“ – прилози од ферментирано зеленчук.
Секој од овие појадоци има свои здравствени предности, а експертите советуваат да внесувате разноврсна храна за подобро здравје и повеќе енергија преку денот.