„Under 600“ – Прв фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан

Овој четиридневен настан ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар.

Од 25 до 28 септември на различни локации во Скопје ќе се одржи првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан „Under 600“.

Преку овој ревијален фестивал, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар, како и предизвиците со кои тој се соочува.

Овој четиридневен настан ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар.

Како организатор на фестивалот, „Штрих” ќе биде домаќин на 12 претстави и перформанси и тоа со фокус на македонската продукција. Програмата ја сочинуваат и настани за вмрежување, како и специјална програма со фокус на млади театарски уметници, која вклучува проследување на фестивалот од студенти од регионот и презентирање на две претстави.„

Under 600“ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора.

Иницијативата започна со креирање на онлајн платформа за споделување и комуникација во секторот, настани на фестивалите Уметноста и човековите права на Дах театар и Корифеј фестивалот во Колашин, Црна Гора. Фестивалот е главниот фокус на оваа програма.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни