Први официјални резултати за изборите во Хрватска, 72 отсто од гласовите се веќе обработени, Милановиќ нешто под 50 отсто!

Во Хрватска, будно се следат резултатите од претседателските избори. Стигнаа и првите официјални резултатит од Државната изборна комисија. Од таму информираат дека се обработени се 4.922 од вкупно 6.755 избирачки места (72,86%).

Зоран Милановиќ моментално е на 50,11 отсто. На второ место е Драган Приморац со 22,33 отсто, трета Марија Селак-Распудиќ (8,11), а четврта Ивана Кекин (7,28).

Томислав Јоњиќ зеде точно 4 отсто, зад него е Миро Буљ со 3,76 отсто, Бранка Лозо има 2,35 отсто, а задниот дел е Нико Токиќ Картело со 0,87 отсто.

„Ова е одличен резултат, но да ги почекаме конечните резултати. Сигурен сум дека сето тоа ќе резултира со една голема победа на Зоран Милановиќ, но и на СДП. И ова е јасна порака до Андреј Пленковиќ и до ХДЗ дека едноставно нивното политичко потчинување на сите институции на нив самите и на нивните партиски интереси повеќе нема да им оди на граѓаните – изјави за „Јутарњи лист“ претставникот на СДП и градоначалник на Копривница Мишел Јакшиќ.

Според првите излезни анкети, се чини дека нема да има втор круг претседателски избори. Досегашните анкети му даваат на Милановиќ 51,48 отсто од освоените гласови.

Неочекуваните резултати од изборните анкети предизвикаа делириум во штабот на Милановиќ, за разлика од штабот на Пленковиќ каде има тага и големо разочарување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни