Првата супермесечина за оваа година ќе се појави во вторник вечер

Првата супермесечина годинава, позната како „Жетвена месечина“ (Harvest Moon), ќе биде видлива на небото во Велика Британија околу 18:20 по GMT на 7 октомври, со што започнува низа од три последователни супермесечини во последните три месеци од 2025 година, објави BBC.

Оваа месечина ќе биде „најголемата и најсветла полна месечина досега во годината“, како и „првата супермесечина од ноември 2024 година“.

Што ја прави полната месечина супермесечина?

Месечината не се движи околу Земјата по совршен круг, туку по елипса, што значи дека растојанието помеѓу Месечината и Земјата се менува во текот на годината.

Ако полната месечина се случи кога Месечината е „најблизу до Земјата“ — точката наречена перигеј — или во рамките на 90% од оваа најблиска точка, тогаш таа се смета за „супермесечина“.

Терминот „супермесечина“ првпат го употребил астрологот Ричард Нол во 1979 година за да ги опише полните месечини кои изгледаат забележително поголеми и посветли поради совпадението со перигејот. Супермесечината може да изгледа до 14% поголема и до 30% посветла од другите полни месечини.

Што е Жетвена месечина?

Полните месечини низ годината често имаат имиња со вековна традиција, кои одразуваат природни појави или активности за тој период. Октомвриската полна месечина обично се нарекува Ловечка месечина (Hunter’s Moon), но оваа година се совпаѓа и со Жетвена месечина.

Жетвената месечина ја одбележува полната месечина што се поклопува најблиску со есенската рамнодневица, која традиционално означувала време за собирање на реколтата.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни