Првата продавница Shein во Париз предизвика бурни реакции

Франција бара од Европската комисија санкции против Shein, обвинувајќи ја кинеската модна платформа дека ја преплавува ЕУ со токсична и незаконска стока и уништува локални мали бизниси.

Shein неодамна ја отвори својата прва физичка продавница во париската трговска куќа BHV, што веднаш предизвика остри реакции во Франција.
Министерот за финансии Ролан Лескјур се закани со целосна забрана на брендот поради скандал со „порнографски кукли налик на деца“, кои биле достапни на платформата.

По скандалот, Shein соопшти дека ги санкционирал продавачите, вовел глобална забрана за вакви производи и привремено ја суспендирал продажбата во Франција за да ја ревидира контролата врз трети страни кои продаваат преку платформата.

„Токсична роба и нелојална конкуренција“

Министерот Баро ја обвини Shein, но и други големи онлајн продавници, дека со „масовен прилив на пакети“ го преоптоваруваат европскиот пазар со фалсификувана, токсична и нелегална стока.

„Ова е неприфатливо. Мораме повторно да ја преземеме контролата врз производите кои влегуваат на територијата на ЕУ и Франција,“ предупреди Баро, додавајќи дека „кога милијардери од Кина и САД ги поставуваат правилата на пазарот, страдаат малите бизниси и локалната економија“.

Тој истакна дека неконтролираниот раст на платформите како Shein ја загрозува иднината на малите продавници во француските градови и села:

„Ако не преземеме ништо, ќе гледаме како малите бизниси исчезнуваат – тоа ќе биде нивна смрт.“

Основана во Кина, Shein се издигна во глобален лидер во брзата мода (fast fashion), но е под постојана критика поради еколошко загадување, лоши услови за работниците и нелојална конкуренција кон европските брендови.

Француските власти најавуваат дека ќе бараат заострување на царинските и безбедносните контроли за увоз на евтина роба од трети земји, особено преку онлајн платформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни