Дали може да си замислите фонтана од која наместо вода тече пиво? Не, тоа не е само сон. Таква фонтана беше инсталирана во Жалец, во Словенија за да се одбележи традицијата на подготовка на пиво и одгледување на хмељ во тој регион.
Од инсталираните шест фонтани во Жалец тече пиво произведено од малите пивари во Словенија. Паркот со фонтаните е наречен Зелено злато, во чест на хмељот.
Од шест чешми на фонтаната, можете да си наточите шест пати по 1 dcl од шест различни сорти пиво. За ова ви треба стаклена кригла за пиво со чип, која можете да ја купите на различни локации во градот. Криглата дизајнирана од светски познатиот словенечки дизајнер Оскар Когој можете да ја однесете дома како сувенир.
Паркот со фонтаните од кои тече пиво функционира од април до октомври, а во тој период покрај фонтаната се организираат и голем број на настани.