Првата апостолска порака на папата Лав XIV: „Dilexi te“

Папата Лав XIV го објави својот прв документ „Dilexi te“, фокусирајќи се на сиромашните, правдата, жените, мигрантите и критиката на економскиот систем.

Издавачката куќа на Ватикан ќе го објави текстот на првиот официјален документ на папата Лав XIV – апостолската побуда со наслов „Dilexi te“, посветена на христијанската љубов кон сиромашните, пренесе денеска Ватикан њуз.

Во овој документ, папата ја осудува „економијата што убива“, недостатокот на еднаквост, насилството врз жените, појавата на глад и неухранетост, како и недостапноста на образование.

Тој исто така упати апел, повторувајќи го повикот на својот претходник папата Франциско, дека мигрантите треба да бидат „прифатени, заштитени и интегрирани“.

Папата Лав истовремено порача дека структурите на неправдата може да се срушат само со силата на доброто, додавајќи дека христијаните не смеат да ги гледаат сиромашните само како социјален проблем, бидејќи тие се „во самото срце на црквата“.

Папата ја потпиша апостолската побуда „Dilexi te“ на 4 октомври – денот кога Католичката црква го одбележува споменот на Свети Франциск Асишки, а документот беше претставен пред медиумите на 9 октомври, објави Ватикан њуз.

„Dilexi te“ е првата апостолска побуда во понтификатот на папата Лав XIV, со централна тема: љубовта кон сиромашните.

Насловот на документот потсетува на четвртата и последна енциклика на неговиот претходник, папата Франциско, со наслов „Dilexit nos“ – „За човечката и божествената љубов на Срцето на Исус Христос“, објавена на 24 октомври 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни