Вчера се одржа првата средба меѓу новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Средбата беше „продуктивна“, рече Зохран Мамдани, кој создаде потрес на американската сцена со својата победа на изборите за градоначалник на Њујорк и ги постави темелите за посериозни предизвици од демократите кон политиките на претседателот Доналд Трамп, додека ја напушташе Белата куќа.
„Благодарен сум на претседателот за средбата и како што реков, ова беше продуктивна средба фокусирана на место што двајцата го сакаме – Њујорк. Разговаравме за кирија, намирници, трошоци за комунални услуги. Нетрпелив сум да им ги понудам тие попристапни цени на жителите на Њујорк“, рече Мамдани.
Трамп, кој за време на кампањата го нарече комунист и ги исплаши њујорчани со социјализам и секакви други привиди, драматично ја промени својата реторика по објавувањето на резултатите од изборите, наведувајќи дека, по разговорот со Мамдами, „малку се предомислил“.
„Ви кажувам, малку се предомислив. Можеби ќе изненади некои конзервативци“, рече Трамп, наведувајќи дека е „прилично уверен дека Мамдами ќе биде успешен“.
Мамдами рече дека за време на состанокот се фокусирале на работи за кои би можеле да се согласат, наместо да дискутираат за „многу различни ставови“.
