Прва работилница на „Лице в лице“ и Центарот за одржливи практики „Природна перспектива”

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ во партнерство со Центарот за одржливи практики „Природна перспектива“, ја организираат првата работилница во село Стар Истевник, Делчево, во четврток на 27 јуни во 17.00 часот.

,,Ја отпочнуваме новата жетва на содржини за „Лице в лице“, и тоа со тема која е посветена на живот на село! На овој настан ќе зборуваме со вас кои живеете во рурална област, но и со сите кои имале вакво исткуство, или пак се на чекор до преселување во некое од селата и оваа тема ви емногу примамлива. Би сакале да слушнеме повеќе за вашите искуства, планови и очекувања од животот во село, и како можеме да го подобриме квалитетот на животот во овие заедници. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги разбереме клучните фактори кои ги привлекуваат луѓето во руралните области и да ги идентификуваме предизвиците што треба да се решаваат, особено за помладата популација”, велат од Лице В Лице .

Контакт и пријава за учество на мејлот на licevlice@public.org.mk, или на социјалните мрежи: https://www.instagram.com/licevlice/https://www.facebook.com/LiceVLice

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни