Прва помош при крварење од носот

Првото нешто што треба да го направите доколку некому му тече крв од нос е да не му ја навалувате главата назад. Напротив, навалете му ја главата напред за да спречите крвта да му се слева во грлото, што пак, може да предизвика вртоглавици или повраќање.

Следниот чекор е да ги затворите двете ноздри преку лесно притискање со вашите прсти, со што ќе го сопрете крварењето.

Дополнително, за поголема ефикасност, на задната страна на вратот ставете влажна, ладна крпа или мраз. На тој начин ќе се стеснат крвите садови и ќе се забави крварењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни