Првиот ден ќе вклучува излагања од меѓународни коучинг експерти, вклучувајќи интерактивно предавање на Анил Томас од Индија и Патриција Конлон од Ирска, како и онлајн интервју со Џон Витингтон. Вториот ден ќе биде посветен на три интерактивни работилници, фокусирани на личен и професионален развој.
Конференцијата е одлична можност за запознавање со нови коучинг техники и лидерски вештини. Цена за присуство на првиот ден е 120 евра, а за работилниците вториот ден со доплата од 60 евра.