Прва меѓународна коучинг конференција: лидерство и развој во 21 век

На 6 и 7 ноември 2024 година, Скопје ќе биде домаќин на „Првата Меѓународна Коучинг Конференција“, организирана од Центарот за бизнис психологија „Системски НЛП – ЈИЕ“ и АД ВЕРБУМ Ивенти. Конференцијата ќе се одржи во Хотел Александар Палас и Хотел Парк и е насочена кон професионалци кои сакаат да го подобрат својот личен и професионален развој преку коучинг.

Првиот ден ќе вклучува излагања од меѓународни коучинг експерти, вклучувајќи интерактивно предавање на Анил Томас од Индија и Патриција Конлон од Ирска, како и онлајн интервју со Џон Витингтон. Вториот ден ќе биде посветен на три интерактивни работилници, фокусирани на личен и професионален развој.

Конференцијата е одлична можност за запознавање со нови коучинг техники и лидерски вештини. Цена за присуство на првиот ден е 120 евра, а за работилниците вториот ден со доплата од 60 евра.

Најново

Последни колумни