Граѓаните се почесто се организираат во енергетски заедници со цел заедничко производство и користење на енергија од обновливи извори. Основањето на енергетската заедница ZEZ Sunce во хрватскиот град Крижевци, е поттикнато од страна на организацијата Zelena energetska zadruga (ZEZ), со основна идеја производство и користење на обновлива енергија преку сопствени соларни електрани. Во март 2024 година, објавен е јавен повик за купување на членски улоги во енергетската заедница ZEZ Sunce. За само десет дена биле собрани 140.000 евра потребни за реализација на проектот, а изградбата на соларната електрана почнала во јануари оваа година. Постројката ќе произведува доволно енергија за снабдување на околу 50 домаќинства. ZEZ Sunce исто така и ќе продава енергија, а од остварените приходи ќе им се исплатува дел на членовите на задругата. Градоначалникот истакнал дека иако ова е прва соларна електрана во Хрватска која е во 100% сопственост на граѓани, Крижевци веќе има искуство во слични иницијативи