Прв уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“: Додека се собираат политички поени, се губат човечки животи

Што е сменето во овие 10 години? Дали коловозните ленти на Партизанска се стеснети? Дали казните се посериозни? Дали е воведен безбеден град системот за казнување? Или сите работи добро ги знаат оние кои треба да ги спроведат ама поради политичка волја решаваат да ги одложат до некое наредно време до нечиј туѓ мандат, ссо цел да не се изгубат политички поени? А во меѓувреме не се губат поени туку се губат животи. Има нови жртви и нови семејства завиени во црно. Зошто не му текна на никој да собира поени на безбедноста? Додека не се смени закoнот и начинот на казнување ќе има уште одземени животи

Додека се чекаат решенија за безбеден сообраќај и се собираат политички поени, секојдневно се губат човечки животи и се додека не се смени закoнот и начинот на казнување ќе има нови жртви, порачаа денес граѓаните на првиот уличен форум под наслов „Зошто нашите градови се небезбедни?“, кој имаште за цел да ги собере сите идеи и предлози за создавање на пообезбедни и поуредени улици.

„Во 2015 година на Фросина Цекоска и го одемаа животот на Партизанска кај Ленинова. Во 2022 на Викторија Николова и го одзедоа животот на Партизанска кај Сити Мол. Во 2025 на Фросина Кулакова и го одзедоа животот на Партизанска кај Универзална сала. Сите три случаи се исти. На истиот булевар девојка прописно проаѓа преку пешачки премин а младо лице со непрописна брзина и го одзема животот. Ова се само три случаи од стотиците сообраќајни удари и судари кои се случуваат на овој булевар годишно. Што е сменето во овие 10 години? Дали коловозните ленти на Партизанска се стеснети? Дали е ставен фокус на младите луѓе како целна група која непрописно вози според светски истражувања најчесто е виновсна за сообраќајните прекршоци и судири со тешко последици? Дали казните се посериозни? Дали е воведен безбеден град системот за казнување? Или сите работи добро ги знаат оние кои треба да ги спроведат ама поради политичка волја решаваат да ги одложат до некое наредно време до нечиј туѓ мандат, се со цел да не се изгубат политички поени? А во меѓувреме не се губат поени туку се губат животи. Има нови жртви и нови семејства завиени во црно. Зошто не му текна на никој да собира поени на безбедноста? Додека не се смени закoнот и начинот на казнување ќе има уште одземени животи – велат активистите од организацијата „На точак“.


Тие денес заедно со останатите присутни побараа веднаш да се стави во употреба системот „Безбеден град“ и да не се одложува ниту еден ден. Секој булевар кој во моментов се реконструира или изведува да се изведе со коловозни ленто од 3 метри широчина. Партизанска и секој друг булевар да се редизајнира со потесни ленти за при наредни ленти. По една лента да се намени за јавен превиоз и да се издвои простор за пешаците. Убијците во сообраќајот строго да бидат казнувани.

Организаторот на настанот, иницијативата „Кој е следен?“, разгледуваа различни аспекти кои влијаат на безбедноста, од железничкиот градски превоз во Скопје до потребните урбанистички промени кои би го подобриле сообраќајот и сообраќајната култура.

Како што истакнуваат организаторите, настанот е прилика за обединување на пошироката јавност и стручната заедница, со цел да се испрати јасна порака: безбедноста на улиците не е прашање на избор, туку неопходност. Оваа иницијатива има за цел да поттикне разговори за конкретни и изводливи решенија, кои би довеле до поуреден и пофункционален урбан простор, кој ќе обезбеди долгорочна сигурност и квалитет на живот за сите граѓани.

„Време е сите заедно да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно“, велат организаторите на настанот.

“Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност. Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно“, порачаа организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни