Прв случај на птичји грип забележан во Англија

Вирусот е откриен кај лице во областа Вест Мидлендс, за кое се смета дека се заразило додека било на фарма и имало „близок и продолжен контакт со голем број заразени птици“, пренесува Скај њуз

Во Англија е забележан првиот човечки случај на птичји грип, соопштиле денес здравствените власти во оваа земја. Вирусот е откриен кај лице во областа Вест Мидлендс, за кое се смета дека се заразило додека било на фарма и имало „близок и продолжен контакт со голем број заразени птици“, пренесува Скај њуз.

Птиците биле заразени со сојот DI.2, кој е присутен кај птиците во Велика Британија оваа сезона, се наведува во соопштението на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA).

Овој сој се разликува од оние кои циркулираат кај цицачи и птици во САД.

Секое лице што било во контакт со заболениот е контактирано од здравствените власти, а на оние кои биле најизложени ќе им биде понудено антивирусно лекување. Лицето кое се разболело е „моментално добро“ и се лекува во единица за високо ризични инфективни болести (HCID).

Ризикот за пошироката јавност е „многу низок“, наведува UKHSA, додавајќи дека е ретко луѓето да се разболат од H5N1 вирусот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни