Освен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Кирил Џајковски. Филмската музика на Кирил не само што ги надополнува и издига филмските сцени, таа и живее независно од филмот. Овој концерт ќе биде одлична можност еден од најпродуктивните композитори на музика за филм на Балканот, пред македонската публика да го претстави својот извонредно големи и значаен опус.
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6ти април 2025г. во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Картите се во продажба на MKTickets: https://mktickets.mk/event/koncert-na-filmska-muzika-kiril/ .
Овој проект се реализира со поддршка на Генералниот спонзор Комерцијална банка АД Скопје, спонзорот Зегин, а проектот е поддржан и од Министерството за култура и туризам.